Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

Javascript DHTML Drop Down Menu Powered by dhtml-menu-builder.com

 

 

 

Детекција на експлозиви: Тест за динитротолуен и нитроглицерол

При реакција на динитротолуен со 20 % раствор од тетраметиламониум хидроксид се добива сино обојување, а со нитроглицерол темнозелено обојување.

Прибор
Вага, лабораториска чаша од 50 ml, стаклено шише, пластична пипета, порцеланска плоча со вдлабнатини (Сл. 1).

Хемикалии
20 % раствор од тетраметиламониум хидроксид, 1: 1 раствор од ацетон и етанол

Сл. 1. Прибор и хемикалии

 

Сл. 2. Карактеристична боја

Начин на работа
Ставете неколку милиграми од цврстиот примерок или една капка течност (ако е течност) во вдлабнатина од порцеланската плоча. Додадете една капка од раствор на еднакви делови ацетон и етанол и една капка од 20 % раствор од тетраметиламониум хидроксид. Формирањето на карактеристична сина боја (Сл. 2) укажува на динитротолуен а ако бојата стане темно зелена тогаш заклучуваме дека има присуство на нитроглицерол.